чедо (имн.) - свој (прид.)

БАБА АНЧА: Арно, синко. Баба Анча сѐ ќе стори како за чедо свое.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Распнатите чеда свои ги качи на небесните ливади, кај своите божји палати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ој ти, Вардар, шуми, играј, шуми, играј од жалови, додека ни стари мајки глуво шетат низ дворови и со шепот низ ум трештен чеда свои споменуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
- Ех, во бабините кажувања волчицата ги бранела волчињата - чедата свои - од човекот - ѕвер, ловџијата кој тргнал да ги убие.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)