Да, таа ѝ се спротивставуваше на балканската историја, носена од некакво инстинктивно чувство за одржувањето на животот на семејството, на своите чеда во прв ред, а Татко се обидуваше да ја разбере, да ја толкува балканската историја, да ја спитомува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка речиси несвесно, несетум ја симна врската клучови од вратот, држејќи го во едното крило своето најмало чедо во студената ноќ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајката ја минуваше границата со своите чеда во прегратка во студената ноќ и светите книги Библијата, Куранот и Талмудот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ние, децата, тајум верувавме во сите Мајкини чудесија чудесии кои ја поврзуваа како што разбравме подоцна со Бога во тешките и пресудни мигови на семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нејзиниот долг живот мина во постојано жртвување спасувајќи ги своите чеда во неизвесната балканска судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И наскоро оган се отвори, вџашен, — од едната страна комитите смели, бестрашните чеда во животот страшен, од другата Турци на булуци цели.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)