Се ѕверев во тие работи и во себе меѓу нив, во едно избледено и дупнато татково огледало, и почувствував дека секој ден човек има шанса барем за миг да биде паметен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така дојдов до „Чај за двајца“. И така се случи да ја прочитам вашата приказна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Свртувајќи се кон посовремени автори, решив да ја насочам антологијава кон нашите простори, па затоа вклучив уште еден расказ од поблиските средини, тоа е расказот на Милорад Павиќ „Чај за двајца“, инаку расказ кој може да биде занимлив за младата популација со развиена визуелна имагинација, со интерес за чудното, а не само чудесното, образована/воспитана информатички за комбинаторики, за една специфична игра на можното и неможното, за семантички пресврти и изненади; - Расказот на Павиќ, покрај расказот на Кортасар, на Борхес и на Маркес, спаѓа и во групата раскази кои ја најавуваат постмодерната, со нејзините фрагментарни комбинаторики кои и реалното го прикажуваат како нереално.1
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зашто, секоја голема љубов почнува со три мали лаги.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Измислиле ли кинезите чај за одљубување?
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Јас се насмеав, тие се поздравија со мене и си заминаа прегрнати, а јас порачав наместо кафе, нане со ким. Како да чекам некого на чај за двајца.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)