чај (имн.) - во (предл.)

Го чувствуваше тоа и се муртеше: чајот во лажниот јапонски порцелан испаруваше и мирисаше на суви треви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Немирот чаи чај во кујната, нетрпеливоста вари јајца (ровити, од нетрпеливост).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се сретнувавме само неколкупати во годината и навраќавме во кафеаната Меркез на левиот брег на Вардар, за мене од онаа страна на стариот камен мост, пушевме и пиевме според расположеноста, тој најмногу чај во проѕирна чаша со позлатен раб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мавтаат професорите со дневното издание на Дер Морген и го фалат неговото интервју.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако сè почна многу надежно.  И пак: Сводот е покриен со сивокрили ангели со леден поглед...  Не, во професорската канцеларија, седнати на удобните фотелји, рабините од семинаријата пијат чај во фин порцелан и зборуваат за него.  ...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Мислам дека не треба веќе да ги почекуваш своите ученици”, ѝ вели Хана на ќерка си, донесувајќи го чајот во две порцелански шолји со флорален мотив, додека Агата увежбува една партитура во салонот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Откако отпи од зелениот чај во чашката, позлатена на горните рабови, смирено ми рече: - Мене ми е блиска земјата која ја претставувате, таа е дел и од моето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Литературата веќе беше свртена страница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој луташе два или три пати вон дозволениот круг последните десет години, се губеше и мораше да биде враќан со полиција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше оставен да лута наоколу, да седи на клупата и да пие чај во кафетеријата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„И овој чај во мојата уста утринава има добар вкус, мора да е тоа чудо.“ „Не, не Ваше Височество.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Иван Иванович многу се лути ако во чорбата пронајде мува: тој тогаш просто излегува од кожата - и чинијата ќе ја фрли, и домаќинот ќе го искара.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван Никифорович многу сака да се бања, и, кога ќе седне во вода до грло, наредува да му се стави самоварот и многу сака да пие чај во вакво студенило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)