Барабар со татко ѝ Никодин ги празнеше чашките и тегнеше од тутунот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Им тури ракија во земјините чашки и им наздрави. И тие му наздравија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Собирајќи ги својата чашка и неговата кригла, Азис го поведе зад шанкот каде што зад завесата во задниот дел беше закачен за ѕидот старомодниот апарат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Последниот што дојде ја остави празната чашка и стана.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Прости, - го прекина таа, и не послушувајќи го, стана како нешто да ја чека, но отиде само до нишата од кујната и се врати со шише, чашки и пјато.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој некако неодредено погледна кон ќошот; потоа без колебање ја допи чашката и полека стана.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Најинтересни беа жените; боже, велеа луѓето, највесело од сѐ било - да гледаш жени пијани; пиеја од котлињата, мавтаа со чашките и пагурите и викаа, пискаа: Ихуууу!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во еден момент молкнаа обајцата, кога Мајка влезе во чардакот со подавалникот, бокалчето ракија, двете чашки и вообичаеното мезе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)