чаша (имн.) - со (предл.)

О'Брајан го фати шишето за вратот и ги наполни чашите со некаква темно-црвена течност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Збунета сум... Ѝ помагам да се подигне, па ѝ ја додавам чашата со розето: - А јас се сеќавам на твоето детско гласче кога ни велеше дека сме силуети што минуваме низ маглата – Сум го заборавила и тоа, иако мислам дека сум била во право.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И повторно ја пружи празната чаша со заповест која не ѝ беше својствена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што тој ќе ја присегне раката така жена ми му принесува друга чаша со вино и како што тој ќе ја испие така потечуваат матни загадени води што го преплавуваат Балканот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се изми, ја исчешла густата, млада коса и без здив ја изпразни чашата со млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му се чинеше дека во неговата дланка се грее чаша со ракија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Учителот ја поттурна чашата со вино, ја остави на страна и рече: - Ај, нека продолжи преставата... нека се доигра...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Плодовите на земјата таа секогаш ги сфаќаше само како подароци од земјата и ги јадеше без да размислува како тие настанале, ги прифаќаше како што ја прифаќаше и чашата со вода што ја пиеше, сѐ додека не ги виде нештата во овие бавчи како од семе се развиваат во цвет а потоа во плод.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На масата го примија срдечно и весело со оглед на шишињата бело вино и минерална вода и полупразните или полуполни чаши со шприцер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се сретнувавме само неколкупати во годината и навраќавме во кафеаната Меркез на левиот брег на Вардар, за мене од онаа страна на стариот камен мост, пушевме и пиевме според расположеноста, тој најмногу чај во проѕирна чаша со позлатен раб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нешто ме глочкаше на папокот, и јас ја кренав маицата: видов дека на мојот папок стои црниот пајак од младоста, брошот на мојата баба; Јан Лудвик, очигледно беше дошол од циркусот, од белиот свет, да ми го врати црниот пајак, и откако го беше испил своето питие, ја беше запечатил чашата со пајакот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги редеше цвеќињата во чаша со вода и го молеше Висара да не ги фрла кога ќе овенат, тука да ги чува додека не му донесе свежи; овенатите цвеќиња ги завиткуваше во шамиче и ги редеше в џеб.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
СТАРОСВАТОТ: (зима чаша со вино). Ај, како е арно!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е, за овој збор што го погоди ќе ти се напијам едно винце (зема чаша со вино).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во салонот, покрај левиот ѕид, маса покриена со чаршав на која се ставени три леба, подредени еден на друг; две нови шарено водени стомни со вода; чаша со мед; авланка со вино и здиплена шамија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа механички наполни две чаши со некаква течност погуста и од зејтин и ни ги принесе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На крцкавата маса, покриена со зеленикава мушама, чаша со светло - румена крв.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Значи, тоа е бетон, - разбра Ване, судирајќи ја својата танка чаша со неговата дебела кригла во подразбирлива наздравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чауле зеде нова чаша со мастика и налеа во неа од водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мастиката ти е со снег, момче! - го фалеше Чауле пијалокот на Иле Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
НОЌ НА СМРЗНАТИТЕ ГРАФИКОНИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)