чаша (имн.) - пиво (имн.)

Луѓето, како силуети, се вовираат по тесните и кривулести улички, влегуваат во бистроата и кафеанчињата, во баровите, кои однадвор се обоени со интимна црвена светлина и внатре, под звуците на некакава музика, редовно од плочи, се впуштаат во лесен живот, за една ноќ, а можеби само за миг, со некоја убава блондинка, додека се има пари таа да се почести со чаша пиво или со жесток пијалок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да појдеме сите на четири чаши пиво?“ Но Отец Симеон не мислеше веќе ни на белата пена на пивото ни на Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека да поземат здив, Ване во очекување а Геро во ликување, келнерот ја донесе нарачката: пред Ване ја стави чашата пиво без крагна, а пред Геро кригла пиво и чашка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- На по чаша пиво - конкретизира Геро - Не на кригла, туку на чаша, - го дополни Евдо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На масата еден работник ручаше и ме понуди со чаша пиво, за добредојде.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)