чаша (имн.) - вода (имн.)

Една чаша вода чини десет куруши или десет стари денари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се поздравивме со љубезната домаќинка и тргнавме, а таа по нас плисна чаша вода, „за добар и лесен пат“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ќе го чуеш зборот мк рапер се осеќаш како да си изел јапонска јабука, а немаш чаша вода у близина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко, загледан, задлабочен во книгите, речиси без да го сети вкусот на вечерата, ја испи чашата вода. Ја погледна Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Позната е Кејџовата изведба при која испи чаша вода со контактен микрофон прицврстен за вратот, така што како звучен резултат се доби силно гргорење на водата која минува низ грлото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Организацијата на времето е спроведена просторно така што низ единица простор (2 инча=1 сек.) се добиваат инаку недостапни траења како 4/7 плус 2/3 плус 1/5 шеснаестина нота во секунда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Електро-акустичната верзија на 4’ 33’’ со име 0’ 00’’:4’ 33’’ бр.2 се состои од дисциплинирано изведување на една не-музичка акција во полето на високото појачување на звукот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мигум ја земам чашата вода пред мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја испи чашата вода, што таа му ја донесе кога дојде да ја прими нарачката, и сега беше жеден за кафе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А логотетот пребледе и се фати за срцето. И сите, освен Лествичникот, погледнаа в земја. Логотетот не можеше да земе воздух од изненадување; личеше како да ќе го удри кап. Побара чаша вода, за да се соземе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога в зори излезе од дома, таа истури една чаша вода по него, за лесен пат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Венеција тоне, Холандија се лизга, глечерите се топат. чешмата капе. во лакримариумот на седумнаесетгодишната принцеза има солзи стари 23 века. во твојот тие се од пред два дена. El mundo es un panuelo - светот е марамче. влажна и мрсулава Палома. како жеден Бушман бараш вода во секое дупче, под мишки, меѓу нозе, длабоко во нечие грло. ги тераш да те гушкаат, лижат и влажно да те бакнуваат. ритмичните движења го лулаат твојот чамец. откако ќе свршиш лебдиш, бура во чаша вода. спиралите ти се омилена форма, имаш вода во колено и две-три капки во очи. наспроти популарното убедување, крвта сепак е девеесет посто вода. замислуваш самоубиство, во Охридско езеро, како Вулф или Мартин Идн. гледаш додека нуркаш. постоиш дур пливаш, преташ под површината како патка. фрлаш паричка во фонтана наместо жртва, и замислуваш желба. да уживаш онака како што си уживал во плодовата вода. не пепел од пепел и прав од прав. од вода, и во вода. 19 јануари 2009, Водици
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Седнете госпоѓо. Вам како да не ви е добро. Напијте се чаша вода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И првите капки дожд... чаша вода за медот од усните твои преслатки, додека минувам како септември покрај децата што од училиште се враќаат, да одберам колку ќе биде убаво нашето, да ти го покажам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ме созеде едно друго сеќавање од часовите по историја на уметноста: „Еднаш“, рече професорот кој некогаш јадел конзерва од супите на Енди Ворхол, „во полусон станав да се напијам чаша вода и тукушто се вратив во спалната, се вклучи компјутерот, заканувачки наметнувајќи необично присуство.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Газда Таки седеше во дневната соба со филџан кафе, чаша вода и грст локуми на масата до него.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Со многу дискретен, префинет но одлучен манир им пријде на дамите, им пружи рака да им помогне да станат, да се исправат, отрча до кај бакалот и донесе две чаши вода и шеќерче да се смират.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Постарата ќерка ѝ придаде чаша вода, со лек сигурно за срцето, за да ја смири.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ќе треба да донесам уште нешто? - праша девојката. - Чаша вода со лед - реков. - Жеден сум. И една жолта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тој миг Минк втрча во кујната за да испие една чаша вода.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Испи една чаша вода, го потргна Фигаро за опашката, погледна низ прозорецот, нацрта едно човече со седум нозе, но ништо! Без баба си е страшно осамен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Секоја вечер, точно во осум, потпирајќи му ја главата, му аваа по чаша вода и две жолти апчиња.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Требаше за атер да испиеш една чаша вода!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Ама чиста е девојката. Виде сам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имав само малку време да создадам впечаток за него бидејќи веднаш раздели извесен број на сини пилули, пет или осум, не се сеќавам веќе, со по чаша вода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ремек-делата и генијалците одат заедно и со тоа што одиме од едниот кон другиот го правиме животот посигурен отколку што тој навистина е, и може да ни се случи никогаш да не ја запознаеме опасноста од современата музика или дури и да бидеме во состојба да испиеме чаша вода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ме праша дали сакам нешто, чаша вода или сендвич?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А не е културно да избега во тоалет да си ги измие забите, а нејзе да ѝ даде чаша вода. Апсолутно не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ти се допаѓаат ли надреалистите? Јас мислам дека се интересни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поради рестрикција на вода, кога ние сме жедни за чаша вода, немаме можност да ги навадиме растенијата и тие пред наши очи се сушат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нема, што се вели зборот, кој чаша вода да ми подаде.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)