чаша (имн.) - вино (имн.)

Владо му мавта пријателски со крената до над главата полна чаша вино, кое му се истура по кошулата, по палтото, по косата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со десната рака се пресега кон чашата вино што жена ми му ја сервира врз масичката над мојата постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Заби на вратот, модрици на струкот. Полна чаша пикавци, празна чаша вино.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Потоа настана пауза. Паузата Италијанецот како да ја почувствува непријатно, испи уште една чаша вино и рече со поткренат, писклив глас, гледајќи во кметот и учителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нешто подоцна тој ја замоли Петра да му донесе уште една мастика со „некоја маслинка“ за мезе и им се радуваше на неколкуте чаши вино што ќе ги испие со реш печена кременадла каква што ќе ја порача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Маџир маало Ѕидовите со вар варосани од кои, ако се почешаш, целиот ќе си побелен, сарделата (во ИНА конзерва), долапите од надвор на „фасадата“ за тенџерчиња со бели точки, повторно со црвени сардели ползавци, блиску, блиску со дворовите, па за интимно кафе посабајле или чаша вино со „некој“ во квечерината - нема шанси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Другиот ден, откако испива две чаши вино и ѝ наредува на жена си да ја крене софрата, остро, како да се лути, подвикнува: - Приготви му ги алиштата, Магдо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Често пати навечер, ко ќе заврши работнио ден, по пат накај дома, ќе сврати во крчмичено „ Драгор“ да се види со другарите, да се напие чаша вино или ракија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација.  Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кај Хаџиевци, старата Воскресија го чекаше мажа си со чаша вино на маса, ојден со другите рибари да го чека крај реката минувањето на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)