Кога десетте чаши беа донесени, човекот зеде две, по една во секоја рака, и ги испразни со неколку голтки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Оној час кога заспа - чашата беше преполна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Полупразната чаша беше празна. И пак полна со зејтинест ликер.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Едниот од браќата, незадоволен од незавршената ноќ, трипати едно подруго се охрабри: три чаши беа скршени крај нивните нозе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пладнеевме целодневно, целисходно. Чашите беа масни, шишињата празни.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Шишето на масата веќе беше празно, а чашата беше дополу полна со водата од истопениот мраз.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Денеска јавноста ќе разбере за нивниот договор.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)