Со едната рака во џебот и со парче леб со џем во другата, Џулија шеташе низ собата, погледнувајќи незаинтересирано на полицата со книгите, предлагајќи го најдобриот начин како да се поправи масата на расклопување, спуштајќи се во излижаната фотелја за да провери дали е удобна и разгледувајќи го бесмислениот часовник со бројчаник само на дванаесет часови со еден вид толерантен потсмев.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
(Впрочем, појавата и ширењето на компјутерите-сметачи придонесе - се совпадна? - со појавата на часовници со бројки наместо бројчаник: следно ново влијание). = обид за одговор = Зашто времето е циклично?“ ... 110 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Го закопавме со ордените на Тито, часовникот со синџирче, лулето, паричникот и руската шубара што сѐ уште ја барам на закачалката во станот во Ѓорче Петров, последниот дом што дедо ни не го доби од Сојузот на борците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)