Го враќа часовникот во џебот на елекот и станувајќи му се обраќа на Јосифа: Сам беше, прашува. Сам, вели Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тетка му со часовник в раце благо го потскарува...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Го гледаше големиот часовник во кафеаната, кој како судник, часовите ги претвораше во секунди најавувајќи ја разделбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го гледам крвавото сонце како паѓа и, додека чука мојот часовник во собата, како да чука и неговото срце во еден ритам, сѐ додека не се губи во мојата отсутност.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
13. ЗАМИНУВАЊЕТО Е ЖАЛОСТ, ДОАЃАЊЕТО Е РАДОСТ - го знае тоа младичот кому здравјето му пука: часовникот во слепоокото на неговата младост полноќното дванаесет со изгрејсонце го чука...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Просто да ми е срам дека ми е некаков вид род. Да не беше пустиот Сотир...
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Почнав да ја набљудувам тетка ми, која погледна на рачниот часовник во моментот кога мажот ѝ соопшти каде ќе оди.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дефилето тргна во определено време - точно напладне - од пред Музејот на град Скопје, всушност Старата железничка станица, со запрен часовник во мигот на катастрофалниот земјотрес, на 26 јули 1963 година.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Секогаш си во право; мора да имаш часовник во главата.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)