Таа без збор влегува во куќата и истиот час излегува со нож и ренде; а Грдан место да се праша што ќе ѝ е ренде, се мисли што е од куќата летна кујна а што е од летната кујна продолжена куќарка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Денот и ноќта
кога се размеѓуваат, в бунило
телата си ги возвраќаат:
доказ е спермата плисната
на пол-небо, на пол-земја
(разбудете се, возбудете се
утре кон 4 часот
излезете надвор на отворено
и погледнете!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)