чардак (имн.) - на (предл.)

Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чардакот на Сукаловци е токму карши сонце — право на исток.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чардакот на нашата куќа стануваше во очите на Татко и Камилски најзначајна балканска катедра на која требаше да се решава за судбината на балканските османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледаме карши во чардакот на комшиката Џун, скриена под ниската настрешница, којашто ѝ го покрива торзото до деветто колено.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но, само по три чекори по замрзнатиот чардак на снегот, тој можеше многу добро да види како кон неговиот зајко се приближува една голема мачка, со своите меки, еластични стапки, со своите тивки, чиниш лепливи пречекорувања на кусите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зар не слушна за една жена која му даде писмо на еден Албанец за да го прати?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо со рака и даде знак на Ристана да застане.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мене никој не ми носи книга.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А ден пред Велигден помина селскиот кмет по сите куќи и рече: - На секој чардак на празник и по неделини да се вее грчкото знаме!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На месечевиот чардак на Сува Река доба е да дојдат жение со бели раце.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Калето за нас, новите жители на градот, беше како чардак на небо, гордост на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)