Се веди бегот и оди, седнува што побргу, оти чадот се дигнал горе под греди.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се собраа на куп, жителите на крај од селото гледајќи го како догорува, а црниот чад се извива угоре како полуден.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога платното од чад се расчисти од неговото лице, Френк без двоумење забележа сомнеж и збунетост во очите на татко му.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Чадот се крена до над пештерата -бигорна.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Со раката ја трие ламбата и таа почнува да чади.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Набргу чадот се вообличува во дух со виолетово нашминкани очи и карминирани усни, а во ушите има по две тркалезни минѓуши. 114 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чадот се крена. Крај мостот лежеа превртени два камиона.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некој голем чад се извишува и го валка небото. - Море, ба го мајката, вели некој, онаму и земјата гори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чадот се шири и се собира, се зашилува и се занесува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)