- Грахм... како да ви кажам... тоа е како бркотниците на мачките во февруари, односно... кога една чавка ќе се оддели од јатото и ќе почне да изведува бесни глисти... Заборавете!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ако им влезе во милост на Турците, си рече Петре, ни Свети Ѓорѓија-Горг ќе го срети на џадето, ни пак чавка ќе му седне врз оџакот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако посееш царевка, ќе се спржи, што ќе остане, чавки ќе го исколваат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ќе се зададат од некаде, ко јато чавки ќе се зададат, и ќе почнат да прават свијоци по небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Латици од облеката ни останале запнати по трњето, чавките ќе прават седела од косите наши.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)