чавка (имн.) - која (имн.)

Па затоа збеснуваат кога дождот ќе прекине Некој меч на тенискиот турнир во Вимблдон Има да го види Господ тој Господ кој би пуштил дожд Кога вимблдонскиот турнир би се играл во нивните локални царства Божемипрости дури прднат диктаторчињата Лично Господ ќе мора да го пренасочи дождот Што им го прекинува ќеифот а големите љубители на тенисот Распашани на самите врвови среде малите нации Меѓу два сона како меѓу два тениски сета Јас понекогаш и ќе зјапнам онака отсустно во небото И бргу-бргу сама строго ќе се прекорам За тоа ли отворав очи за да зјапам во кукубарите А нема кукубара којашто нема да ти украде ќебапче Од распламтената скара во дворот Како што нема чавка која нема да ти се посере на ќелавицата И уште да те мавтосува дека тоа ќе ти донело среќа Мижи Асан да ти бајам велат за тоа новодојденците од Македонија А јас самата си велам мижи си колку што можеш повеќе
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)