црцорење (имн.) - на (предл.)

Убаво го распозна францускиот јазик на кој пееја девојките и кој како да беше акцентиран со црцорењето на птиците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од малото сопче на источната страна од куќата, бидејќи стаклото од прозорецот беше се скршило и бидејќи таа соба не ја употребував ни јас сега, ниту ја употребувавме при поранешните доаѓања со Агна, слушав црцорење на ластовички.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)