Цртежите му ги виде еден од сликарите што навраќаше во слаткарницата, се воодушеви и му рече на татко му да го даде Столпника да учи сликарско училиште.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Цртежот му се фрлаше под нос на мајсторот кој го ставаше на мајсторското тезге, го проучуваше муртејќи го челото, потоа ја проверуваше издржливоста на дрвото и најпосле почнуваше со производството.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На крајот Гелетин ги предаде на филаделфискиот уметнички музеј заедно со останатите слики од неговата прочуена колекција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој внимателно ги сортираше, ги означуваше по години, и одеше до таму што еден цртеж му испрати на Кандински 1935. година, а два на големиот колекционар на модерната уметност Албер Гелетин (Albert Galla- tin) 1938. година.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)