Питу Гули не чу со каков страшен татнеж падна и се разби камбаната од црквата св. Никола, погодена од турските топови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше тоа мала минијатура на црквата Св. Јован Канео од брегот на Охридското Езеро.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја црташе мапата на Москополе, со ознаки на Академијата и печатницата, со црквите Св.Петар и Св.Петка, со некои мостови и чешми.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во црквата Св. Никола ни се отвори доста работа: расчистувавме по работата на мајсторите, Петре некаде домалтерисуваше и довршуваше, па му правевме малтер и му го носевме, му помагавме кога ја правеше масата што ја стави зад вратата во влезот на местото од старата и претставуваше пангар на кој беа наредени свеќите и дискот за пари.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се разбира, редовно ги чистевме не само даскалницата, туку конаците, црквата Св. Петка и црквата Св. Никола.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се издолжи реката луѓе од црквата Св.Никола до Големиот мост, кон железничката станица, а потоа по прашливиот пат кон Сушево, кон Крстот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ја запомнав одредницата од Тато. Еден ден, додека чекавме седнати во портокаловиот Фиат 1300 на раскрсницата кај црквата Св. Никола од исарските куќи се спуштија неколку моми.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Остар свиок пред црквата Св.Ѓорги и десно широк паркинг од каде се гледа целиот видик на источниот преспански брег што на север почнува во Асамати и на југ завршува на Превалот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Црквата Св. Петка ја нема. Не се гледа ниту трага од нејзините темели, туку само на два камења потпрени две скршени керамиди и под нив парче од недогорена свеќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Каде се, бре Лефтерис камењата од ѕидовите и темелите на црквите Св.Петка, Св.Атанас, Св.Ѓорги, Св.Јован и Св.Илија? Молк.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Таму – и велам на сопругата - имало село и Долно Вишомо се викало и под високите дабови што се гледаат, е црквата Св. Петка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)