А тој, како видел црквата отворена, затрчал се и скоро влезнал у неја и паднал на земља пред икона Богоматери и се бил у груди и викал и от срце воздихал со слзи: „Владичице мира пресвјатаја Богородице, скоро помози ми и избави мја от руки дјаволски.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
XII Квечерината по богослужбата во која игуменот, отец Серафим, отец Иларион и сите калуѓери, се молеа господ да помогне манастирот да не се приклучува кон Албанија, полковникот Жино, шетајќи низ манастирот, ја виде црквата отворена, влезе внатре, виде дека нема никого и влезе да ги разгледува уште еднаш и подетално фреските што ги прикажуваат чудата на свети Наум.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)