Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите како што беа в црква останаа на сретсело, кое беше токму до самата црква, и го зачекаа муљазимот да се појави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бидејќи беа нарачани од вечер по еден од куќа, а се погоди недела, црквата се наполни со народ.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За миг во црквата се смрачи. Остриот чад истиснува солзи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогај, беше 1858, се зазедов да се изгради нова црква, да се исправи камбанарија со камбана и што е најважно, во црквата се отвори и училиште и подоцна јас го донесов нашиов учител Димитрија да ги учи децата на народен јазик.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Другиот ден мајката замеси леб од брашното што го зеде со купони кога бакалницата на капиталистот што живееше до црквата се национализира за да се нахрани гладната работничка класа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш, црквата се крена против сценскиот израз на Народниот театар од Струмица „Евангелие по Јуда“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сѐ паметеше, сѐ, иако сето тоа беше сега под дебел слој вар, куполата на црквата беше урната и израмнета со покривот, олтарската преграда тргната, а врз црквата се наоѓаше минаре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од зад црквата се слушаше кукање на кукавица, од селото доаѓаше пеење на петли, прилајување на кучиња и денот стануваше уште повисок.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш се чу едно засркнато кашлање: кав, кав, ќув, кив, уф, црквата се одѕива, се тресе. Се затресе и народот. Се залелеа небаре закланцана вода.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)