Влегуваше и излегуваше на главната порта, кога во дворот од црквата имаше најмногу свет.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Колку што можам да се сетам, во годините кога јас и нана ми интензивно одевме на црква, во црквата имаше многу малку луѓе, да не кажам, верници.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во црквата има фрески: Рождество на Богородица, Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, Успетие на Богородица, но од времето и незаштитеност фреските се многу оштетени“- заврши Теми, видно возбудена, со движење како да си ја трга бујната коса, а што ѝ беше прибрана на тилот и прицврстена со широк стегач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ми даде една кутија „карелија“ и ме испрати неколку метри со зборовите –Бесвина се испусти, нишчо не остана од селото... до скоро некој камен од црквата имаше останато, ама и тоа се витоса...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)