Стотици цркви беа срамнети со земја, други беа адаптирани во работилници и фабрики, магазини, штали, киносали.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Албанската православна црква беше прогласена за афтокефална на Конгресот во Берат кој се одржа од 10 до 12 септември 1922 година и чии одлуки ќе бидат прифатени од државата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Камбанаријата долу под црква беше готова и сега само се чекаше камбаната да дојде, да се обеси на оската на врвот и да ја чуеме да чукне.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Влегувањето во црквата беше своевиден свечен чин, зашто со тоа секој му се претставуваше и на Бога ама и на луѓето, чии очи највнимателно ја следеа секоја постапка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во црквата беа собрани сите од манастирот на богослужба.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Трпезата на ѕидот во црквата беше поставена со леб, со риби, бокалче вино. И седеше тука осамена светица – млада и очајна.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Во јануари 2000 година, Советот на министрите на европската унија и даде мандат на Европската комисијата да преговара со Македонија за склучување на Договор за стабилизација и асоцијација.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Охрид за поглавар на Македонската православна црква беше избран г. г. Стефан.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сѐ паметеше, сѐ, иако сето тоа беше сега под дебел слој вар, куполата на црквата беше урната и израмнета со покривот, олтарската преграда тргната, а врз црквата се наоѓаше минаре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И покрај тоа што големата и убава црква беше претворена во кино сала, господ во кубето што не успеаја возрасните да го премачкат или покријат, имал контрола на ситуацијата и не дозволи да експлодира бомбата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Црквата беше оградена, добитокот шеташе низ гробиштата, ги поганеше гробовите, ги уништуваше дрвцињата, цвеќињата. Дрвената ограда беше распадната, изгниена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)