црешна (имн.) - и (сврз.)

Ми бегаат пред очи полињата и оголените шуми: црешните и маслинките, прецветаните и насланети тутуни, откатените диви костени...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Устата пак ми е преполна со младо сирење набабрени јаболка и зрели црешни и пак ми се чини дека на стариот стрвник сепак му недостасува последниот залак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кабината беше направена од полирани табли од трите страни монтирани на железна конструкција со отвор за влез од предната страна низ кој однадвор се провлекуваше мирис карактеристичен за последните денови на мај, блунтав, со вкус на гнили црешни и влажна трева.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)