Ниту еднаш не ми се јави; ниту пак јас му се јавив, оти и не знаев каде се наоѓа со циркусот, оти и не сум можела, оти циркусот е подвижен центар на светот, како што рече и самиот, оној ден, кога дојде повторно назад.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
9. ГЛЕДАЈ ГО НЕ ОГЛАМНИКОТ, АМИ КОЊОТ - штом веќе си џамбаз, трампењето да не ти е криво, знаеш, твојата прескакулица "ОД КОЊОТ НА ТРОЊОТ" сепак за во циркус е, а не и за обичниот живот...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Додека одев кон своето место, го уловив погледот на Луција: таа насетуваше некаква крупна промена кај мене, оти никогаш порано јас немав задоцнето, ниту пак разговарав со таков циничен, препотентен тон со некој наставник; ме гледаше од ниско, и јас знаев дека меѓу нас е готово, дека мојот циркус е посилен од нејзината Партија; од друга страна, покрај неиздржливата болка дека ја губам, дека поминувам во еден друг свет, дека се реинкарнирам уште при живот, чувствував една неподнослива леснотија на постоењето, една слобода која ме опиваше: јас го имав, наспроти овој дисциплиниран клас, мојот циркус, и мојата Ина, со која за една ноќ бев полбизок одошто со Луција за четири години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)