Седната на еден од ѕидовите на тврдината со цигарата в раце, Јана влечеше долги и полни димови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој го чувствуваше тоа и одеше полека со високо дигнати раменици и цигари в уста.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Јас не знам што прави ноќе, ама сега видов дека само кога јаде, не држи цигара в уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И пак ја земам цигарата в уста: пувкам и мавтам со рацете, го бркам чадот од пред очи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кузман како да се намали. Зјапаше по неа со ширум отворена уста држејќи ја згаснатата цигара в раце.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На враќање назад го заврза коњот за еден трн крај патот и, чурејќи со цигарата в уста, скршна од патот во мртвицата, за да се олесни зад меѓата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пред тоа двајца безработници со изгаснати цигари в уста тапо гледаа во кавгаџиите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)