ФЕЗЛИЕВ: Има. За жал - има. Живата цел има очи, има душа, има глас, живата цел се приближува, а понекогаш во раката има и револвер...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Некои испопаѓаа и целите се измокрија, а посреќните и повештите ги натопија само панталоните.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Потоа долго и без цел се влечеа низ сивилото на улиците бесмислено загледувајќи ги минувачите в очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Многуте патишта создаваат забуна, кога е еден, е поедноставно и целта се чини подофатлива.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со љубовта- -се уфрла С. - секоја цел се достигнува.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа цел се достигнуваше едно со најавување историски и други права и сообразувања, а друго и главно, со инакво поставување на прашањето за народноста на Македонските Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)