Па автобусот веќе нѝ замина, еве точно пред половина час, а следниот е дури во 5...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Славејот, пупунецот, врапчињата, фениксот, колибрито, сето тоа птичје царство станува огромно гнездо - упориште од кадешто жиците на виолината емитираат звуци. Патешествието е веќе во тек.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)