Во тоа време, царот ќе мажел три ќерки и дал збор по светот за кој ќе можит да прескочит од една планина на друга со коњ, царот ќе му ја даел ќерка си за невеста.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Што весел да бидам, бре татко - му рекло момчето - коа уште утре ќе бидам жив, чунки царот ќе не губит дека не можиме да му напраиме синџир од песок?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Војната ќе заврши. ЦАРОТ ќе дојде со дворјаните.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Му отворил збор еднаш царот на Лалата за оти сакал да се жени.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Оделе што оделе по рамен пат и втасале до едно угорниште; одејќи по угорното му се смачило на Лалата и му рекол на чоекот: - А, бре чоече, мене многу ми се смачи од угорново, ама голем како тебе уште поеќе ти се смачило.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
За сите сега царот ќе бара сметка од тебе. – Нека е жив царот – процеди преку заби поп Јаков. – Ке му дадам јас сметка за сите негови, ама ќе барам сметка за сите неправди што ги направи и што ги прави прилепскиот кадија на рајата. – Ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
с. Дабница, Прилепско „Предајте се, партизани, царо ќе ве опрости!“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)