цар (имн.) - на (предл.)

Тој, силниот цар на сенчестите планини, тогај помил ѝ станува тројно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Цар Душан се нарече: цар на Србите, Грците и Албанците, а не и на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
147. Кралот и царот на средновековна Србија Стефан Душан (1308-1355) мошне често е предмет на размислувањата на Мисирков, при што особено се нагласува посебниот однос на царов спрема Волкашина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А сепак, храмот се изградил и во него свечено бил внесен заветниот ковчег, следен од харфи и цимбала, и од песната на канторите: „Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе царот на славата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Трите дела на империјата биле под персонална унија на Александар: како Персиски цар на Азија, хегемон на Коринтскиот сојуз на елинските држави-градови и крал на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 925 се прогласил за цар на Бугарите и Грците, а бугарската црква ја издигнал на степен на патријаршија. Го зацврстил феудалниот поредок во државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уште пред двеста години царот Иван Асен, кој се потпишуваше како цар на Бугарите и на Грците, прв им ја даде на моите претци грамотата насекаде низ царството да продаваат и купуваат слободно, и никој да не смее да им напакостува, било по патиштата, било на пазариштата. Токму како што вели законот за трговијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— А, мори Небеска, ми вели Катина Егова, Борче иде од Борис, а Борис беше цар на Бугарија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кузман еднаш дојде на широчината и се прогласи за цар на Црните браќа барајќи од нив да го викаат Фантома.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој вели дека тие „на почетокот запалија пламен и го спалија телото, а потоа изградија нешто налик на ритче, во чија што средина поставија големо парче тополово дрво, на кое го напишаа името на мажот и името на царот на луѓето“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едниот од нив, Ибн Фодлан (ум. по 922), раскажува за обредот на погребување на некој кнез, виден од него во текот на неговиот престој кај волшките Бугари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред неговите очи дефилираат потомците на генералот Селевк, еден од наследниците на Александар, митскиот цар на Македонците и на Грците кој завладеа со сиот дотогаш познат свет, според тоа и со Палестина и чии потомци, еден од кои е и Селевк почнуваат да ги хеленизираат и Евреите, особено дел од еврејската аристократија, забранувајќи ги нивните верски обичаи, внесувајќи го меѓу нив грчкиот јазик, а во Храмот на единствениот Бог, нивните пагански многубожечки симболи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Персијскиот цар му прати на цар Александар, му вика: „Царје, ти честитам сега на теб, оти ти си цар на местото на татко ти и ти располагаш со твојот народ и затоа да станиш да дојдиш да те учам како да станиш цар“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Каде дојде у годинте му праќа назад.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)