цар (имн.) - му (зам.)

Кога врвеа пред училиштето, луѓето погледнуваа кон војниците и си шепотеа: - На царот му била боса главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јапонскиот цар му ја понудил за жена својата ќерка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
149. Сите го мразат Волкашина за неговата улога и влијание врз Уроша, но царот му верува, македонските големци: 70 кралеви и банови, според народните песни, му веруваат и му даваат 70.000 војска со нив да умре на Марица за царот и „српското име”. 70.000 души војска од 70 кралеви и банови!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)