Библиотеката истовремено ќе биде и храм и монумент, но би рекол, истовремено и подземно скривалиште, кое ќе го заштитува од сите ментални напади диригирани од диктаторската власт.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Запалив свеќа во темнината на храмот и си влегов во сопствениот мир.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во неговата татковина, храмовите и домовите се ниски, отворени, засолнети во бујната вегетација на парковите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Hannukah обнова или повторна препосветување; осумдневен празник посветен на победата на јудаизмот и изгонот на хеленистичкото паганство од ерусалимскиот храм; победа на Јуда Макавеецот врз Антиох Епифан со повторната посвета на храмот и олтарот кон едиствениот Бог на Израилот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И Мајкината набожност, што ја изразуваше низ почитта кон светите книги на трите монотеистички религии, кон храмовите и славите на сите три вери, каде било и во кои било времиња на Балканот, прераснуваше во своевидна хуманост што можеше да се смета и како вистина и како религија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зашто тука на површината од брегот имаше слики со хеленски лавови и медитерански јарци, девојки со месо од песок како зрнесто злато и сатири што свират на изрезбарените рогови, разиграни деца, расфрлано цвеќе долж плажата и јагниња што потскокнуваат по него, музичари што пребираат по нивните харфи и лири и еднорози што јурат низ далечните ледини и кории, разорени храмови и вулкани. 82
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Овој плачеше како дете и го молеше Ангелариј да појдат заедно во Бугарија и да слезат во визбата на библиотеката на кнез Борис.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Потем отец Ангелариј го изведуваше од храмот и го смируваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Влегуваше на сред богослужение во храмот и почнуваше да мавта со рацете во воздух, како да лови муви. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 124
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)