херој (имн.) - на (предл.)

А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство…
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги нема веќе хероите на работничката класа... А дали некогаш и ги имаше, кога се предадоа без борба?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работи само чуварската служба, која го чува празниот објект без луѓе, кој немо стои опустошен од [не]човечката алчност и негрижа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеше да го осудува Голдштајн и да бара поостри мерки против мислопрестапниците и саботерите, можеше да грми против злоделата на евразиската армија, можеше да го велича Големиот Брат, или хероите на Малабарскиот фронт - воопшто не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски беше тогаш херој на своето време, кој на својот дел од Балканот не заврши како што заслужуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За Климент Камилски полиграфот, ерудит и хуманист Фаик Коница можеше да се смета за херој на модерните времиња на Балканот, но воедно немоќен и среќен балкански Дон Кихот, кој се бори успешно со големата европска јазична ветерница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А еден човек, инаку никаквец, ми вели, не се задолженија, вели, види ти со која се плетка, та хероите на револуцијата не се светци!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Целата оваа срцепарателна епопеја завршува кога на заминување свечано ќе ти биде уручена фактура од неколку стотини долари. –––––––––- Командант Марк и Блек Стена – херои на Лунов Магнус Стрип.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Имено, стравот е тема што ги окупира хероите на Набоков во многу од неговите творби, било да се тоа романи, раскази или драми. (...)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На 2 септември 1961 година тој ќе присуствува во Белград на Собирот на неврзаните, на кој ќе биде поздравен како херој на деколонизацијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прифаќањето на доживотниот мандат понуден од народот беше веќе видено во повеќе моновладетелски режими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу почитувачите на Титовото дело во светот ќе бидат и хероите на XX век, како Мартин Лутер Кинг, Ернесто Че Гевара, Јасер Арафат... и многу други.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој е херој на безусловната љубов кон животните, бунтовник којшто ќе исчезне со козите во утробата на еден недофатлив рид.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле, херојот на нашето враќање беше повторно со нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)