Нерешително стоевме пред вратата на една од адвокатските канцеларии, во која никој никогаш не влегуваше, и под чија наполу избришана фирма „Адвокат“ стоеше мала пожолтена хартија со дополнување: „Поморска шпедиција - застапник“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ја завлеков раката в пазуви и извадив парче бела и тврда хартија со црвени букви. - Што е тоа?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Шишко го расплеткуваше минатото, Ристо борбата, јас со широко зејната уста ги слушав и дозволував сето тоа да влезе во мене не само преку ушите и устата, туку и преку моливот и белата хартија со што ги уловував во истиот миг.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во сандачето – писмо. Го кине пликото – лист фина, сина хартија со облаче во десниот агол, исполнет со препознатливиот, орнаментиран Јанин ракопис.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На ѕидовите, освен на оној крај, каде што беа сместени бурињата, имаше полици на кои беа сместени тегли со храна од сите големини и видови, стаклени тегли со џемови од по шест унци, па до тегли со туршија од по два галона, затворени со онаа жолта хартија со форма на рог, за која Даниел ја имаше предупредено мајка си.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мора така - не виѓава. Кривите редови на буквите се леат со хартијата, хартијата со воденичкиот камен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но, дури и така растревожен тој сфати дека не сакаше да ја размачка белата хартија со тоа што ќе ја затвореше тетратката додека мастилото беше сѐ уште мокро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)