хармонија (имн.) - на (предл.)

За Ботеро, По и Валери на сликарството!, цврстината ја означува густината и сврзаноста, тој создава еден свет во кој може да се биде отворен, тежок и опширен без да се впадне во масивност, во кој „празникот на формата“ ја организира хармонијата на површините.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прегрни ме, утешиме, кажи ми некој едноставен убав збор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја отворив душава и градиве, длабоко во нив сѐ уште имаше место за непредвидливите бранови на животот, креативно создавање, раѓање и умирање во хаосот и хармонијата на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакаше преку судбината на јазиците на Балканот, на балканвавилонството, на делењето на јазиците за да не се разбираат луѓето меѓу себе, да допре до хармонијата преку многујазичјето до хармонијата на еднојазичјето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаеш ли, миличок, кој во тој миг може најубаво да ја почувствува суровата, единствена хармонија на Космосот?...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„За каде господине?” - праша несигурно Шабтај, замајан од хармонијата на таа чудесна мешаница на гласови, јазици и песни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција.  „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За него западната Историја беше синџир од одговори на прометејскиот предизвик!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во старата античка цивилизација се следеше хармонијата на природните феномени и божествата беа потчинети на таа човекова потрага, верувајќи во еден вид бесмртност, која заземаше место во меморијата на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се распадна југословенскиот Вавилон кој не можеше да ја открие хармонијата на истрајувањето на своите поданици. Размислував подоцна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше црна коса и зелени очи - тоа е хармонијата на пеколот и змискиот отров а таков отров доброволно се пие до дно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)