Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Она што сугерира е дека постои корисно ниво на дескрипција за многу аспекти на менталниот живот како некој вид на функционирање на компјутер - процесирање смисловни симболни форми при што правилата кои го управуваат интерното поведение на системот се и самите изразени преку тие форми.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Секако, позитивен чекор кој е за поздравување е дополнителниот Амандман XL со кој се пропишува дека начинот и постапката пред Уставниот суд ќе се уредат со посебен Закон за Уставниот суд кој ќе го замени досегашниот чл. 113, а секако тоа ќе значи дека и постапувањето по уставната тужба ќе биде подведено под новата легислатива,150 додека пак Деловникот ќе остане да ги регулира техничките аспекти за внатрешното организирање и функционирање на Уставниот суд. 149
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
А сепак без колебање го прифаќа Милеровото тврдење дека мјузиклот го подоткрива увидот во функционирањето на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значи, револтот на Веда кон семејството е револт не само кон неговите вредности туку и кон самите услови и норми на хетеросексуалната женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа укрепува полагање право на експлицитно перверзна женственост, дефинирана со нејзината изземеност од ќеркинската должност, од честа, од угледот, од семејството, од материјалната зависност, од хетеросексуалната репродуктивност и, најпосле, од биологијата – или, барем, од определеноста што ги претекнува жените поради биолошкото функционирање на нивните тела и неговиот општествен симболизам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Постојано се работи за настани на насилство, несигурност, дрога, финансиски и политички скандали. Каква полза од натамошното набројување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но не минува ден без да слушам како се зборува за лошото функционирање на нашите претпријатија, нашите судови, затворите, болниците, училиштата, железничкиот и воздушниот сообраќај, земјоделството итн.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред некој ден бев во Монпелје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции, меѓу другото, пишува: „Со цел да се поддржат компаниите и да се зголеми нивната меѓународна компетитивност, Владата воведе законски реформи во функционирањето на пазарот на трудот кои овозможуваат полесно вработување и отпуштање на работната сила.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Црниот хумор не отсуствува. Овде имаме една немилосрдна и карикатурална радиографија на функционирањето на власта на еден кошмарен систем.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А, пак, во поглед на дозволеноста на отказот – како трудовоправен институт, работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот; работодавачот, пак, може да го откаже договорот само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот [лична причина или причина на вина] или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот [деловна причина].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)