Зар фудбалот и другите популистички спортови не се дрога?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Него батали фудбал и остали спортови. Мислам дека од сите постоечки утакмицата со судбината е една од најинтересантните затоа што таа е пред све најзаебаниот играч у животното првенство.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
П.С. Заеби фудбал и спортска лутрија. Почни да се кладиш на животот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)