Еве, и сега, излезе од беспаќето во кое се најдов во заносната фуга на сеќавањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
XIV Во тие тегобни мигови повторно ми се нудеше како спас фугата на сеќавањето, излезот во татковата библиотека на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Некои од нив беа мајстори во филигранскиот занает, а другите во чаршиските занаети на другиот, источниот брег на реката, а речиси сите беа обземени од фугата на заминувањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со поглед упатен кон родната куќа во Поградец, која станала седиште на партиската власт, на брегот на Охридското Езеро, тој ја заборава сегашноста, за да се препушти да го завлече „егзалтирачката фуга на меморијата.”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога Татко изоде неколку чекори по уличната калдрма, додека познатите топоти од неговите чекори сѐ уште одекнуваа во нејзината свест, како тивка фуга на заминувањето во кое беше содржан и звукот на среќното враќање, Мајка истури ѓум со вода, зад Татковите чекори.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Станав дипломат со дипломи. Но требаше да се биде вистинскиот дипломат како Татко во преживувањето, во фугата на балканскиот егзил, во постојаното потврдување, во вечното прилагодување, во неизвесната одбрана на животот, спасител на семејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)