фронт (имн.) - кој (зам.)

Пристапувањето на Кралството Југославија кон Тројниот пакт само било потврда на неможноста да се формира балкански фронт кој би му се противставил на германското напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По пристапувањето на Кралството Југославија кон Тројниот пакт, Британија ги активирала своите разузнавачи во Кралството Југославија кои одржувале контакти со некои српски политички партии, а кои не се согласувале со политиката на принцот Павле за пристапување кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој факт Ласте и сега со гордост го истакнуваше бидејќи беше длабоко убеден дека работата во интерес на здравјето на народните маси, подразбира широк фронт кој бара храбри и учени луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како да им се приближат на оние луѓе загледани во фронтот кои никого непознат не очекуваа од зад грб.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)