формула (имн.) - на (предл.)

Тој просто сета вселена ја претвори во една логичка конструкција од апстрактни поими, категории, чијашто логичка формула на движењето значи движење на вселената.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
А што се добива кога целата вселена ќе се „одухотвори“ со формулите на логичкото движење на категориите на еден „светски разум“?
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Се и сака да ме совлада со формулите на своите школски калапи, да ме натера да ја наведнам главата, да се повлечам. „Не“, рече. „Не, докторе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа е Шредингеровата формула на бранови функции, која исто така е и прв елемент на Бемовата алтернативна теорија, ми се чини, како и првата реченица од приказната на некој друг пар.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Хабиб Бургиба, во реалноста, но и во митот на своето владеењето, гаеше дури фараонски амбиции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не случајно бараше од Советите во еден период кога ја посети Москва да му ја откријат формулата на совршеното балсамирање на Ленин и Сталин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја изговорив вообичената формула на предавањето на акредитивите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Млекото на козите во тие тешки волчји времиња стануваше еликсир на солидарноста, а и формулата на неговиот состав не можеа да ја утврдат никакви партиски документи и планови за изградба на новиот човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, се откажуваат од претенциозноста и дискриминацијата... негувајќи ги институциите како цвеќе во ваза... само тие ќе ја покажат формулата на современата цивилизација... која го негува правото на рамноправност на сите народи и култури...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се преселив во зениците на твоите очи во урнатините на омразата рти формулата на нови откритија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Духот е „первертиран“, сите вредности се „пресвртуваат“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вештерките од Макбет во една дречлива дисонанција ја изразуваат парадоксалната формула на светот: “Fair is foul and foul is fair”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)