Како дополнување на регуларните проекции што ќе се одржу ваат во музејската сала (со големите јаболково зелени столови на склопување, дизајнирани во доцните дваесетти од Марсел Бројер), Франсис има намера да прикаже и неколку филма од пораната продукција на Ворхол, како “Empire” (1964) на пример; во соседната сала ќе бидат изложени уметниковите слики со славните личности од шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ворхол снимаше сѐ и никогаш ништо не фрлаше; фондацијата овозможи музејот да ги добие поголемиот дел од архивските материјали, вклучувајќи нотеси со разни исечоци, примероци од магазинот Интервју, снимени ленти со музиката на Велвет Андерграунд; сите овие работи ќе бидат изложени во галериите на музејот и во читалната која ќе биде отворена за посетителите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во оваа програма ќе бидат вклучени разни изворни материјали, подготвителни цртежи, меморабилии, и други материјали што го одредуваат делото во формален и културен контекст.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)