Имено, одговорно лице – кое со намера да прибави противправна имотна корист за правното лице во кое работи или за друго правно лице: создава или држи недозволени фондови во земјата или во странство или со составување на исправа со невистинита содржина, со лажен биланс, процена или 270 инвентарисување или со друго лажно прикажување или со прикривање на факти ја прикажува невистинито состојбата и движењето на средствата и на резултатите на работењето и на тој начин ќе ги доведе во заблуда органите на управување во правното лице при донесувањето на одлуки, ќе се казни со затвор од една до пет години (чл. 287, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Основната правна последица од институтот застарување (лат. praescriptio longi temporis) е тоа што доверителот повеќе на може да бара присилно исполнување на обврската (чл. 349, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Понатаму, во поглед на средствата што се доделуваат од Посебниот фонд за обезбедување на услови за вработување и работење на инвалидните лица, со првата измена и дополнување на ЗВИЛ, од 2004, се пропишува дека за извршување на функциите на Посебниот фонд во текот на една календарска година можат да се потрошат најмногу до 2% од вкупните средства со кои располага овој фонд (чл. 13, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Па, така со оваа измена е предвидено дека Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ донесува решение за доделување на средствата од Посебниот фонд во рок од 90 дена. (чл. 1 од ЗИДЗВИЛ/окт.11) По ова кон чл. 16, по ст. 5 се додаваат нови 17 става (6 – 22) кои најпрво нормираат дека доколку Управниот одбор не донесе решение за доделување или одбивање на средствата во тој случај подносителот на барањето може во рок од три работни дена да поднесе приговор до писарницата на претседателот на Управниот одбор на АВРМ, (ст. 6) кој пак е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето да донесе решение односно да одлучи дали ќе го прифати или одбие барањето на подносителот. (ст.9) Доколку директорот не донесе решение во законски предвидениот рок во тој случај барателот има право да поднесе барање до Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена, (ст. 10) кој е должен во рок од десет дена да изврши надзор во Управниот одбор на АВРМ. (ст. 11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Но, тука постојат две правни „кваки“ кои мора- ме да ги споменеме: прво, за застареноста судот не води сметка по службена должност [ex officio] сè додека спротивната странка т.е. должникот не приговори на овој факт (чл. 349, ст.3 од ЗОО); и, вто- ро, ако должникот исполни веќе застарена обврска, тој нема право да бара да му се врати назад она што го дал или платил, дури и ако не знаел дека обврската е застарена – бидејќи, во случајов, станува збор за т.н.„природна облигација“ (obligationеs naturalеs – в. и чл. 356, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)