Ресторанот веќе беше исполнет со гости до последното место, беше зачаден и бучен и тоа ни даваше за право да му се подадеме на тивкиот пламен што потајно нè обземаше создавајќи флуид во кој сите бевме едно: низ сивиот превез, на масите околу нас, гледавме луѓе кои личеа сè повеќе на нас и зборуваа нешто неразбирливо исто онолку колку што нашето зборување беше разбирливо за нив.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)