фирма (имн.) - на (предл.)

Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А кога се покажа фирмата на познатата им бозаџилница, со црно и косо испишан наслов „Велика Блгарија”, Пискулиев на неколку чекори од неа го поуспори одот, се обѕрна лево-десно, и тогаш решително и гласно плукна на фирмата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Слушај, малиот е многу фино момче, јас го вежбам трипати неделно, жена му очекува дете, а тој работи за фирмата на татко му.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Подружницата работи под фирмата на трговското друштво што ја организирало, во која задолжително се наведува нејзиното седиште и зборот „подружница“ може кон фирмата на друштвото да додаде и свој назив.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Едното веќе ја наместило фирмата на старата готварница на Паско Бачо - „Пчела“, трговија со мед, матици и трутови; второто „Турс“, патувања и посредништво, работа во Нов Зеланд; третото „Зодијак“, што ни кажуваат ѕвездите, изработка на хороскопи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)