Што ли Долгиот ѝ пратил. По неколку пати ги отвори сите фиоки во куќата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Лекарот ги крена рамената. Од фиоката во работната маса извади зелена картонска папка. Очигледно со документите на Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Имаше толку сила само да стигне до фиоката во која токму за вакви прилики чуваше парче чоколадо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но од тоа слепило зрачеше некој внатрешен вид - црн и недомолив, зол. „Дојде ли да решуваш гатанки?“ извлече тој од некоја фиока во себе а Отец Симеон забележа лек трепет под едното негово око.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сите фиоки во орманот се мали сандаци каде што илјадници вчерашнини лежат затворени.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)