философија (имн.) - на (предл.)

Со инвестирањето на уметничкиот код (авторство, избор, реткост, иновативност, естети­чност, инсценација) уметникот доволно уверливо ги демонстрира облиците на приклученост на денешниот поединец кон виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да споменеме уште, Stelarc врз основа на своето усмерување во перформансот развива и вистинска философија на технолошки модифицираното човечко тело: „Телото изразува недостаток на модуларен дизајн и неговиот премногу активен имунолошки систем ја отежнува размената на органи коишто слабо функционираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повторно го привлекува Кембриџ, првенствено младиот брилијантен философ, Ф. П. Ремзи, кој како осумнаесетгодишник му асистира на Огден во преводот на Трактатот, пишувајќи и осврт на книгата Mind.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Витгенштајн го поднесува Трактатот како докторска теза 1929 година. Членови на испитната комисија биле Расел и Мур, а Муровиот извештај бил: „Моето мислење е дека тезата на господинот Витгенштајн е дело на гениј; но, како и да е, таа во секој случај ги надминува потребните стандарди за степенот доктор по философија на Кембриџ”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со други зборови, како што беше речено во моите воведни забелешки за феминизмот и модернитетот, феминистичката теорија како философија на полови разлики го пронаоѓа поимот за жена како историски есенцијален токму во оној период во историјата кога овој поим е деконструиран и разнишан.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Моралот на куновската философија на науката е значаен: не постои дисциплина наречена „критика“ што некој може да ја практикува за да дојде до значително подобра политика, не повеќе од постоењето на нешто наречено „научен метод“ што некој може да го примени за да дојде до значително подобра физика.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А потоа го минавме она растојание кое на невиноста ѝ се чини неизмерливо - растојанието помеѓу размислувањето за сексуалниот чин и вистинското соединувањето на две тела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер сакаше и тој и јас да студираме философија на Виенскиот универзитет, јас посакував со него да го остварам сонот кој некогаш го сонував со брат ми Зигмунд: да живееме заедно во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беа книги кои, според Татковата философија на опстанокот, го затвораа излезот кон светот во одредени периоди, кога превладуваа значењата на други книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вујната Клементина, небаре на исповед кај еден од отците лазаристи, настојувала да проникне во нивната философија на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)