1. Оној кој ќе блеска во науката за писмото ќе блеска како Сонцето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа барање за конструктивност одамна е препознаено во својата компензациска функција: „Од филозофијата се бара, откако религијата е изгубена, да се фрли на изградба и да го замени свештеникот.“ (Хегел)
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Филозофијата се чувствува малецка и осамена наспроти таквите сили, но и ако умре, тоа ќе биде од смеење.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Испитувајќи го начинот на којшто филозофијата се занимава со етиката, политиката, поимот на одговорност, не би рекол дека деконструкцијата се управува кон некое повисоко разбирање на одговорноста, поради причините на сопствената претпазливост, бидејќи исто така научивме да бидеме претпазливи во однос на вредностите какви што се височината и длабочината (altituda altusa), туку се движи поради потребата за којашто верувам дека многу помалку е подложна на одговори и одговорности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)