филм (имн.) - кој (зам.)

Во некои случаи Ворхол им даваше елементарни актерски упатства - „јади полека, како да си даваш себеси време за размислување” (Eat, каде дејството трае 45 минути), или сугерираше траење на дејството (бакнежите во Kiss и фелациото во Blow job мораа да бидат продолжени до крајот на ролната, што траеше 30 минути), или, според зборовите на Вива, „едноставно ве пушташе пред камерата за да немате што да правите” (Вива во Nude restaurant ѝ приоѓа на камерата и сака снимањето да се прекине; желбата ѝ е исполнета).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури некои промени во звучниот период, што се однесува до филмската техника, може да ги сметаме за грешење во Ворхоловската естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имено, после Девојките од Челзи, првиот Ворхолов филм што доживеа комерцијален успех (прикажуван е и во Европа), очигледно е авторовото тежнеење да продолжи во тој правец, т.е. настанува обид за додворување на публиката со постепеното прифаќање на правилата на комерцијализмот, односно во филмовите кои следеа исчезнува меценизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оваа традиција посебно ќе ја развие Пенбејкер (неговиот исклучителен „Не гледај назад” за Дилановата турнеја е прикажан истата година и доживеа комерцијален успех), па следеше Монтереј Поп 1968., првиот - и меѓу најуспешните - филмови за еден рок фестивал.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таман дојде до Ulyses, кога се отвори металната врата од лифтот и од него излезе еден тип со револвер во рака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Токму на Лимиеровата линија се филмовите на Енди Ворхол, чиј концеп­туализам е сличен - насловите на овие дела ја чинат неговата очекувана содр­жина; Eat, на пр., 45-минутна снимка на човек кој јаде печурки (човекот е Роберт Индиана, њујоршки поп-артист) може да го споредиме со Лимиеровиот 94 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Појадокот на бебето (1895), или, уште подобро, Kiss, 50-минутна серија со автентични бакнежи од различни парови, со Бакнежот на Меј Ирвин и Џон Рајс (1896) на Едмонд Кун, чиј продуцент бил Едисон, првиот филм кој отворено прикажува еден вид на сексуал­ ност, и играјќи на сензација, веројатно и првиот концептуален филм воопшто (овде актерите кои го изведуваат бакнежот се професионални актери).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Девојките од Челзи претставува кулминација на неговото дотогашно творештво и успева да ја заинтересира пошироката публика, но истовремено и да го обележи крајот на неговото занимавање со филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Барем што се однесува до дрогата. (...) Беше тоа типична сцена во Фектори: сите штотуку завршувавме со своите обврски и се спремавме да одиме во кино - Фред ја читаше листата филмови кои се прикажуваа...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ни предложи некои од нашите филмови да ги ставиме во неговиот каталог, заедно со останатите андерграунд филмови кои ги држеа во FMDC, но тоа на Пол воопшто не му се допадна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И покрај обидот за елементарна инсенација (на пр. бурлеската Наводене­тиот наводнувач од 1895.), Лимиер во своите филмови негува фактографски документаризам: на расколот Мелиас-Лимиер се базираат двете основни струи во филмот, фикција/илузија и документ/стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Девојките од челзи и комерцијализацијата Иако спаѓа во авторите чиј севкупен опус е многу позначаен од поединечните оства­ру­вања, Ворхол во 1966 направи филм кој е секако најрепрезентативен за неговата работа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секоја ролна одговара на еден кадар (и во овој случај на друг агол на камерата), но секој кадар е копиран два пати: Sleep е всуш­ност тричасовен филм кој во монтаж­на верзија е двапати прикажан.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше убеден дека успехот на Девојките од челзи е всушност знак дека сега и обичните луѓе сакаат да гледаат андерграунд филмови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хенри Гелдзалер наведува како Ворхол го ставил пред вклучена камера и за време на снимањето пуштал плочи, телефонирал итн. додека тој пушел томпус позирајќи за портретскиот филм кој го носи неговото име, но исто така можел да се вика и okno.mk | Margina #15-16 [1995] 101
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Единствениот Ворхолов ран филм што не се придржува до наведените монтажни принципи е Sleep. Sleep, како и повеќето рани филмови, се состои од 3-минутни ролни за Болекс камера што Ворхол во тоа време ја користеше. (Kiss исто така се состои од 3-минутни сегменти).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова е еден од ретките филмови за којшто не може да му се оспори авторството.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како и онојпат кога ми пукаа во Мерлинките и сега сè ми изгледаше потполно нестварно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прв Ворхолов филм кој се најде во редовна дистрибуција беше Девојките од челзи (The Chelsea girl), и којшто заработи неочекувани милион долари.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во четириесеттите години Хичкок реализираше низа филмови кои, барем по својата основна концепција, повеќе личат на остварувањата од британскиот период - Дописникот од странство (1940), Сомнеж (1942), Саботер (1942); меѓутоа, овие филмови, во целина, се и позабавни и попровокативни.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За тоа имав две причини: а) нацистот беше командант на подморница и знаеше нешто за навигацијата, во секој случај повеќе од останатите; б) во аналогија со војната, тој и навистина беше победник во тоа време.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Непознатиот од Норд-експрес (1951) - по психолошките анализи поблизок до Сенка на сомнежот од сите филмови кои му претходеа - останува еден од најчистите, најдинамичните и најнапнатите режисерски филмови. okno.mk | Margina #22 [1995] 135
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сенка на сомнежот е филм кој мене лично највеќе ми донесе задоволство - тоа е еден од многуте филмови кои ми се најдраги - бидејќи, најпосле имав време низ приказната да ги развијам и личностите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вие пишувате реченица за некој да ја прочита. А никој не може да ја прочита - се изгубила во многуте чкртаници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се исповедам, мајсторски режирана приказна за младиот свештеник кој е ставен пред избор: да ја предаде тајната што му е доверена во исповедалницата или да стане маченик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Постојано сретнував Американци, можев совршено да го читам планот на Њујорк, го знаев на памет и возниот ред на американските возови, бидејќи од таму порачував каталози, тоа беше моја најомилена забава.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ова мислење веројатно потекнува од Англија, бидејќи шесте филмови што ги направи во текот на тие четири години - покрај Станар (1926) и Уцена (1929) - без сомнение се и осумте најдобри филмови кои се остварени во таа земја: таква виталност, инвенција, јачина на личноста и чувство за филмскиот јазик не достигнал ниту еден Англичанец ни дотогаш, ни оттогаш.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Котен не беше за таа улога.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еден Хичкоков филм кој е „костимиран” и кој сѐ до пред самиот крај не содржи ни елементи на трилер ни навестувања за возбудливост.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не обрнувајќи внимание на филмот кој повеќе или помалку се одвива на платното во авионот (и кој пригодно е стопиран среде една сцена на потера со специјални ефекти), се потчукнуваме со рабовите на чашите при при­душе­ната светлина на кабината и наздравуваме на Нашата Приказна До Сега, која можеби допрва почнува благодарејќи на тоа што обајцата забележавме дека нејзиниот/мојот привлечен сосед во списанието на авио-компанијата ја гледа истата илустрирана статија - „Островски засолништа”, да речеме дека се вика - и во еден забавен разговор откриваме дека обај­цата во едно претходно животно поглавје еднаш сме престојувале во оми­леното засолниште на оној другиот, речиси иако не баш во исто време, но заправо во ист хотелски комплекс, Кајо Олвидадо, и, освен тоа - пази сега - дека обајцата во текот на тие романтични ескапади (едниот тогашен пар бил венчан, но не на меден месец, другиот бил на меден месец, но не и венчан), нуркајќи долж коралниот гебен близу до плажата сме пронашле и земале по една страница искината, одлепена или на друг начин одвоена од некој роман во мек повез и ставена во шише како повик за помош; нејзината била сува како коска, на дното на морето, во добро затворено мало шише од рум поради необјасниви причини до пола наполнето со камчиња за да потоне, а неговата парадоксално плуташе во исто така добро затворено бардаче за вино полно со морска вода и поставено на суво место високо на коралниот гребен. Quelle coincedence! Quel симпатична средба, сега кога се сретнавме!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ме погледна со насмевка, отиде до лифтот и исчезна. 168 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Не стигнав ни да се исплашам, ми се чинеше дека тоа е некој филм кој, ете, случајно го гледам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во текот на педесетите постоеше голем проблем околу Лолита, па потоа околу издавањето на Љубовникот на Леди Четерли, а подоцна и поради Хенри Милер- овиот “Tropic of Cancer”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа полека извади пиштол и направи дупки во нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јонас вели дека тој израз прв го употребил Мени Фарбер, во својата статија за непризнатиот холивудски low-буџет на режисерите во магазинот Коментар, и дека Дишан на некое филаделфиско отворање изјавил дека “going anderground” е единствен начин уметникот да создаде нешто вредно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, заради толку различните видови на филмови кои можеа да се видат, никој жив не можеше да укапира што андерграунд всушност значи - освен тоа дека тие филмови не му 164 Margina #11-12 [1994] | okno.mk припаѓаа на синдикатот и дека не доаѓаа од Холивуд.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Луѓето често ја наведуваа мојата прочуена мисла: “Сакам досадни работи”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Често беа правени филмови кои беа бизарни, необични и се однесуваа на некои бесмислени нешта во општеството.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Инаку, јас на телевизија редовно гледам документарни филмови кои што говорат за нашето херојско минато.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Добро, Срцка. Остави и јас сам да откријам нешто. Ова ми изгледа како раскажан филм кој треба да го гледам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Филмот кој го режирам јас самата, навидум бајка, станува романтична комедија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Скромниот семеен дом беше вила на три спрата и базен во кој течеше дејствието на филмот кој Бојана и Александар го гледаа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Качувајќи се по скалите на мермерната палата Александар се почувствува како лик од Интервјуто со вампирот, филмот кој пред малку го гледаше со Бојана на нејзиниот лап – топ.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Постојано во главата ми се вртеше истата мисла: „Влегуваат на наша територија“, и заради тоа сѐ повеќе посакував да добијам пари од Холивуд и да направам еден филм кој “добро” изгледа, но ги носи нашите ставови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тогаш ги гледавме последните советски филмови кои беа останати бескрајно да се вртат, дури и кога Тито се скара со Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од тоа време, во нашите спомени останаа руските и американските филмови кои ги гледавме во киното „Балкан“, а за Мајка остана значаен мигот кога за прв пат си ја облече кафеавата бунда, подарок од татко ѝ, дваесет години откако ја минавме границата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе го привлекувале американските од англиските филмови, и како еден од филмовите кои во тоа време највеќе го воодушевил е филмот на Фриц Ланг (Fritz Lang) Уморна смрт (Der mude Tod) на Декла Биоскоп.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)