филијала (имн.) - на (предл.)

А К.Мисирков, не само како член – основач и еден од раководителите на една значајна филијала на ТМОРО во Петербург, туку и како личен учесник и набљудувач на овие настани, имаше морално право и општествена одговорност да го изнесе своето мислење за најважните прашања во тој историски момент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ги запознал своите пријатели за добиените пари од Сарафов и од Гоце Делчев (Т.Органџиев тврди дека Орце примил 5.000 лева од Гоце Делчев) и за можностите веднаш да ја продолжат работата за минирање на филијалата на Отоманската банка во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Освен тоа, за голата живеачка му прискокна на помош и младата сопруга, која како среднистка се измоли за работно место во филијалата на едно претпријатие од нивниот крај.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)